Се урна туристички авион во Перу, загинаа сите 13 лица

Најмалку 13 лица загинаа при пад на туристички авион за време на панорамски лет над светски познатите линии во Назка во Перу, едно од најпосетуваните археолошки локалитети во светот.

Според локалните власти, во авионот се наоѓале 11 патници и двајца пилоти. Леталото се урнало во поле во близина на градот Назка, а спасувачките екипи потврдиле дека нема преживеани.

Авионот полетал од градот Ика и бил во сопственост на перуанската компанија „Аеродиана“, која со години организира туристички панорамски летови над древните геоглифи во Назка, локалитет кој е впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО.

Причината за несреќата засега не е позната.

Перуанските власти отворија истрага, а повеќе детали за околностите што довеле до падот на авионот се очекуваат по завршувањето на увидот и идентификацијата на жртвите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *