Сиљановска-Давкова го потпиша Указот – се озаконуваат нови министерства

June 9, 2024

Претседателката оценува дека законските измени се реформски и дека со нив, пред сè, како што вели, ќе се анулира паралелизмот на надлежностите на многу министерства, и ќе се обезбеди функционалност и одговорност.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го потпиша указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот организација и работа на органите на државната управа. Во објавата на својот официјален фејсбук-профил, во кој информира за потпишувањето на указот, Сиљановска-Давкова повторува дека на законски измени како оваа, кои се носат со двотретинско мнозинство, шефот на државата нема право на вето.

Претседателката оценува дека законските измени се реформски и дека со нив, пред сè, како што вели, ќе се анулира паралелизмот на надлежностите на многу министерства, и ќе се обезбеди функционалност и одговорност.

„Второ, ќе се (дис)лоцираат надлежностите во соодветните министерства, со што ќе се рационализира и ефектуира нивната работа (Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Министерство за економија и труд, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за култура и туризам)“, вели Сиљановска-Давкова.

Со носењето на измените на Законот за реорганизација на државната управа, како што додава шефицата на државата, ќе се институционализираат стратегиските приоритети на државата преку формирање соодветни министерства за европски прашања и за дигитална трансформација.

Последно, додава Сиљановска-Давкова, преку реорганизација на министерствата и формирање на Министерство за спрот ќе се подигне нивото на општествена грижа за физичкото и менталното здравје на нацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Previous Story

Narendra Modi betohet si kryeministër i Indisë për herë të tretë

Next Story

43 qytetarë janë kafshuar nga qentë endacakë në Tetovë brenda pesë muajve

Latest from Вести

Go toTop