Собранието нема да му го одземе мандатот на пратеникот Талат Џафери

June 7, 2024

Талат Џафери останува и пратеник и премиер. Без негово директно учество надминат е уште еден обид за разрешување на случајот на неспојливост на двете функции.

Неговиот колега од пратеничките фотељи, Димитар Апасиев, пред три дена поднел барање Собранието без расправа да констатира престанок на пратеничкиот мандат на Џафери. Барањето го базира на Уставот и на четири закони кои предвидуваат престанок на мандатот доколку еден пратеник извршува и друга функција.

Спикерот Африм Гаши го примил барањето но не го третира како документ за одлучување. До Комисијата за мандатно-деловнички прашања воопшто не го доставил бидејќи не е ни формирана.

Пред неколку дена, кабинетот на Гаши соопшти дека „Собранието останало конзистентно со претходните случаи кога Владата ги врши само неопходните функции до изборот на нова Влада за да обезбеди континуитет и уредна транзиција на власта“.

Самиот Џафери на Конститутивната седница најави дека ќе остане премиер а ќе се воздржи од пратеничките обврски за да избегне судир на интереси. И мандатарот Христијан Мицкоски се согласи дека повеќе пати имало ваква пракса и дека се работи за „сива зона“ која треба да се преуреди.

Антикорупциската комисија не ги прифаќа ваквите објаснувања. Веќе почна со активности за обезбедување податоци и информации за случај на неспојливост на функции, за што е предвидена прекршочна казна од 300 до 500 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Previous Story

Орданоски: ВМРО-ДПМНЕ пред себе има големи предизвици, очекувам да прави шоу програма со апсења и отворање истраги

Next Story

Топлотен бран на Кипар, температурите се искачуваат до 44 степени

Latest from Вести

Go toTop