Димитриевски: Во првиот момент, кога ќе сметаме дека нашиот збор не се почитува, нема да бидеме дел од Владата

May 30, 2024

Во првиот момент, кога ќе сметаме дека нашиот збор не се почитува, нема да бидеме составен дел од Владата, изјави вечерва претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Тој во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5, прашан за разговорите со ВМРО-ДПМНЕ за владино коалицирање, кажа дека станува збор за разговори околу основните принципи на функционирање и на усогласување на идеолошките разлики.

„Разговараме врз база на платформата што им ја понудивме и ја прифатија во целост. Многу помалку е битно каква ќе биде имплементацијата на власта во делот на тоа кој колкав број на ресори ќе преземе, многу повеќе е важно што тоа суштински ние ќе реализираме кон граѓаните. Денеска сме тука каде што сме, чекор пред влез во Влада“, рече Димитриевски.

Посочи дека имаат капацитет да раководат со Министерството за правда, но сè ќе зависи од конечниот договор.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Previous Story

Mexhiti: Kemi kryeparlamentarin, 6 ministri, 7 zëvendës ministra dhe 5 sekretarë shtetëror

Next Story

Dimitrievski: Në momentin e parë që shohim se fjala jonë nuk respektohet, nuk do të jemi pjesë e Qeverisë

Latest from Вести

Go toTop