Трамп: За жал, многу од израелските заложници што ги чекаме не се меѓу живите

May 24, 2024

Поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканската партија за претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека многу од заложниците киднапирани од членовите на палестинската милитантна група Хамас во нападот врз јужен Израел во октомври „веќе не се меѓу живите“.

За време на предизборниот митинг во Бронкс, тој зборуваше за меѓународни прашања, а кога станува збор за војната во Газа, тој рече дека „знаел дека многумина нема да се вратат“ кога видел видео снимки како се однесувале со заложниците за време на напад на Хамас, пренесува The Times of Israel.

„Меѓу вас гледам многу знамиња на Израел. Тоа е страшна работа, но морам да кажам, верувам дека многу од заложниците што ги чекате и сите ги чекаат, многу од нив се мртви. Некои ќе бидат живи, но многумина се мртви“, рече Трамп, додавајќи дека ништо од ова немаше да се случи доколку претходните претседателски избори, на кои тој загуби од актуелниот американски претседател Џозеф Бајден, не беа „украдени“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Previous Story

Виктор Орбан: Она што се случува денес во Брисел и Вашингтон, создава расположение за можен воен конфликт

Next Story

Како шверцерот Боро од Ново Село го „смести“ струмичкиот судија Наке Георгиев во Шутка дента кога се спогодил за затворската казна?!

Latest from Вести

Go toTop