Во Грција илјадници мртви риби испливаа на површина, се шири неподнослива смрдеа

August 28, 2024

На локална плажа во грчкиот град Волос се појави невообичаена сцена – жителите видоа илјадници мртви риби на површината на водата.

Слична ситуација е забележана и во неколку други крајбрежни места во Грција, а оваа страшна појава претставува еколошка катастрофа и закана за јавното здравје.

На лице место има и силна, непријатна миризба која се прошири низ околината и предизвика дополнителна загриженост кај мештаните.

Покрената е истрага за утврдување на причините за оваа еколошка катастрофа.

Мртви риби, освен во Волос, биле забележани и во градовите Агрија, Аликес и во Неа Ангиолос, пишува „voria.gr“.

Истрагата за оваа непријатна појава беше доверена на Центарот за поморска управа во Волос под покровителство на Обвинителството.

Ќе се врши во специјализирани лаборатории, каде ќе се пренесат примероци од мртви риби од устието на езерото Карлас во Волос, а потоа ќе се испита можноста некоја супстанца да навлезе во телото на рибата.

Ќе се тестира и квалитетот на водата.

Истрагата ќе се води долж целиот брег на Пагаситикос каде се пронајдени угинатите риби.

Previous Story

ДУИ како државотворна партија е гарант за мирот, стабилноста, благосостојбата и европската иднина на земјата

Next Story

„Економист“: Бугарија нема да влезе во еврозоната пред 2026 година поради политичка нестабилност

Go toTop